Американските научници тврдат дека планетата Венера не била отсекогаш безживотна планета. Според нивните тврдења, поткрепени со резултати од истражувања, примарната атмосфера на планетата имала поинаков состав и веројатно била сосема погодна за живот. Во тоа време, температурата на површината на Венера била околу 20 степени и има голема веројатност на планетата да имало веќе развиен живот.
Во моментов, густината на атмосферата е променета, а температурата на површината на Венера е исклучително висока. Американските научници велат дека ќе продолжат да ја следат сеизмичката активност на Венера, а планирано е користење на балони со високи перформанси, напојувани од сончевата енергија кои ќе собираат детални информации за она што се случува во атмосферата на најблиската платена до нас.