Со оглед на тоа што статистиките покажуваат дека Facebook почесто го посетуваат пензионери отколку млади луѓе, социјалната мрежа настојува да ги збогати своите функции и со нив да ги привлече младите корисници. Како?
Секако, со помош на три димензии. По најавата за воведување 3D-објекти на минатогодишната конференција Oculus Connect, Facebook конечно ја претстави оваа функција во акција.
LEGO, Jurassic Park, Sony, Wayfair и многу други брендови ги претставија своите 3D-објави со виртуелни предмети што корисникот слободно може да ги ротира.
Менаџерот за производи на Facebook, Ајкуд Гонен, напиша дека 3D-објектите користат индустриски формат гИТФ 2.0 што приближно значи дека уметниците ќе можат 3D-објектите директно да ги вовлечат во Facebook-објавата.
Со апликацијата „3D Connect“ на „сони експерија екс-зет1“, „екс-зет1 компакт“ или „екс-зет премиумфон“ ќе можат да се создаваат 3Д-фотографии и потоа директно да се објават на Facebook. Sony е само еден од партнерите на Facebook, што значи дека и други апликации ќе можат лесно да користат алатки што овозможуваат 3D-објави.
Од 3D во виртуелна реалност
Додека корисниците на Facebook што користат 3D-камери ја користат оваа технологија, брендовите како Wayfair и Lego своите производи можат да ги претстават од секој видлив агол. До моментот кога 3D ќе стане некој вид норма, тие ќе го привлечат вниманието на корисникот кој инаку само ја поминува рекламата без размислување.
Конечната цел на воведувањето на оваа функција е претставување на интерактивни анимации и доведување на 3Д-содржината во светот по пат на проширената реалност. Се чини дека Facebook активно се подготвува за нивните неодамна објавени очила за проширена реалност.
Извор: Tportal.hr