Производителот на iPhone во неколку видеа прикажува како треба да се уредува видео на забавен кадар, да се регулира изложеноста и да се сликаат црно бели фотографии.
Apple објави серија клипови, посветени на карактеристиките на фотографирањето со камерата на iPhone. Видеата се долги околу минута и половина. Тие се поставени на официјалниот канал на YouTube на компанијата.
Во првиот клип Apple објаснува како е правилно да се уредува видео, снимено во забавен кадар. Корисниците на iPhone треба да одлучат кој дел да биде забавен, веднаш по снимањето на видеото.
Во второто видео се прикажува како да се вклучи посебна опција која овозможува снимање на јасни слики.
Во последното видео се покажува како да се избере најдобар сооднос помеѓу осветленоста и контрастот со помош на подесувањето на изложеноста. Apple препорачува да се користат вградените филтри и луѓето да не се плашат да снимаат црно-бели фотографии.
Ова не е првпат Apple да им ги објаснува на сопствениците на iPhone можностите на камерата. Компанијата почна да објавува кратки упатства откако го претстави iPhone 6 во 2014 година.