Sony се подготвува за големиот настан оваа година, Mobile World Congress, кој ќе се одржи наредната недела во Барселона. Компанијата објави краток тизер на официјалниот Twitter профил кој не откри многу за телефонот, туку нѐ остави збунети и во исчекување на новитетот на Sony.
Видеото покажува човечка рака и неколку линии кои полека се спуштаат кон неа, пред целосно да исчезнат. Тизерот навестува дека новиот производ (што и да е тоа) ќе биде промовиран на 26 февруари, кога почнува Mobile World Congress. Ниту една дополнителна информација не е вклучена во видеото, иако Sony се реши дека токму вака треба да изгледа еден тизер со кој треба да ги „загреат“ фановите за претстојниот MWC.
https://twitter.com/sonyxperia/status/965511954935803904?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fmisteriozen-tizer-za-noviot-telefon-na-sony
Љубителите, па и познавачите на пазарот на смартфони, останаа зачудени од краткото видео. Ниту еден не можеше да даде дефинитивен одговор на прашањето: Што сака да каже Sony со оваа „реклама“?
Она што сите го заклучија е дека тизерот се однесува на новиот телефон, или пак телефони, кои Sony ќе ги прикаже на MWC. Уште на крајот на минатата година од компанијата најавија дека работат на редизајн на надворешниот изглед на новите уреди кои ќе излезат во текот на 2018 година. Според некои од инсајдерите од оваа индустрија, видеото го промовира новиот заоблен смартфон на Sony, кој доаѓа во вистински момент за да му конкурира на ривалот Samsung.
Во претходните неколку години, Sony најавуваше нови уреди од линијата Xperia токму на овој саем, па затоа сега се очекува истото.
Поврзани артикли