Елон Маск со години зборува за лансирање сателити во ниската орбита кои ќе го обезбедат светот со многу брз интернет. Иако техничкиот дел од овој подвиг не е објавен јавно, познато е дека првиот ред прототипи наскоро ќе тргнат на пат околу Земјата. Тоа би можело да се случи наредниот викенд.
Неодамна од компанијата SpaceX на Маск беше објавено дека ќе лансираат два сателита што ќе служат за демонстрација до почетокот на оваа година, па ако сè биде како што треба, првиот функционален сателит би можел да биде лансиран во 2019 година.
Се вели дека двата експериментални сателити одат во орбитата во внатрешноста на една од ракетите „Фалкон 9“. Иако ваквите планови често се одложуваат, SpaceX планира да ги лансира сателитите во орбитата до 2024 година. Целиот проект ќе чини повеќе од 10 милијарди долари.
Кон крајот на 2015 година Маск го споменувал овој проект и истакнал дека сето ова служи за собирање пари кои ќе овозможат да се креира град на Марс.
„Тоа значи дека ни се потребни работи што ќе генерираат многу пари“, рече Маск.
Static fire test of Falcon 9 complete—targeting February 17 launch of PAZ from Vandenberg Air Force Base in California.
— SpaceX (@SpaceX) February 11, 2018
Поврзани артикли