Електричниот спортски автомобил Tesla Roadster, кој милијардерот го испрати во вселената при лансирањето на новата ракета Фалкон постои голема веројатно еден ден да се врати на планетата Земја и да изгори во нејзината атмосфера при падот. Маск најпрво сакаше да го испрати автомобилот на Марс каде за десетина година ја планира првата човечка мисија која ќе има задача да подготви услови за колонизирање на Црвената планета.
Голем број на научници се бунеа против планот на Маск, бидејќи ако автомобилот Тесла се сруши на оваа планета тогаш со сите микроорганизми кои ги носи од Земјата ќе ја контаминира површината и ќе предизвика проблеми во идните истражувања.
Сепак, астрофизичари од универзитетот во Торонто направија илјадници симулции за летот на автомобилот на Маск и неговата траекторија. Според анализите на професорите најголема е веројатноста дека автомобилот ќе се урне на Земјата за десетина милиони години, а ако не промаши ќе удри во Венера или Сонцето, но според ниту една симулација никогаш во Марс.
Поврзани артикли