Семос Академија распиша Конкурс за доделување стипендии на тема „Звукот на градот“ за академската 2018/2019 година за образовните профили Графички дизајнер и Веб дизајнер. Конкурсот ќе трае 10 недели, односно сите кандидати кои ги исполнуваат условите, своите пријави ќе може да ги поднесат најдоцна до 22 април 2018 година.
Конкурсот се однесува на доделување 2 целосни и 2 делумни стипендии за стручните едногодишни програми Графички дизајн и Веб дизајн во вкупен износ од 6.900 €. Кандидатите кои ќе аплицираат имаат можност да освојат целосна стипендија во вредност од 2.450 € или пак делумна стипендија во вредност од 1.000 €.
За сите заинтересирани Академијата и оваа година ќе организира Отворен ден на 4ти април, а добитниците на стипендија ќе бидат објавени во јуни 2018 година, кога ќе се одржи официјалниот настан во Академијата – Изложба 2018.
Како вам ви звучи градот? Ослободете ја својата креативност и со својот цртеж, дизајн на постер, веб страна, мобилна апликација, фотографија, анимација или илустрација добијте единствена можност за бесплатно школување на Семос Академијата. Повеќе информации за условите и постапката за аплицирање, како и сите детали околу конкурсот прочитајте на официјалната веб-страница на Семос Едукација: за Графички дизајн http://bit.ly/2ob77HX; за Веб дизајн http://bit.ly/2EzIrUz
Поврзани артикли