Криминалците од Европа ги употребуваат криптовалутите за да „исперат“ дури 5.5 милијарди долари. Оваа информација ја даде директорот на Europol, Rob Wainwright. Тој објави податок дека околу 4% од сите криминални размени во Европа, се прават преку криптовалутите како Bitcoin, а се очекува овој процент да се зголеми. Бројките во оваа проценка на Europol се направени врз податокот дека во Европа циркулира нелегален кеш во вредност од околу 137.5 милијарди долари. Во интервјуто кој Wainwright го даде за BBC, тој изјави дека криптовалутите претставуваат голем проблем за полицијата, бидејќи за разлика од стандардните банкарски сметки кои можат да бидат блокирани, крипто-новчаникот не може да биде блокиран. Тој ги повика операторите на криптовалутите повеќе да соработуваат со полициските истраги.
Полициските служби се загрижени за користењето на криптовалутите од страна на криминалците. Минатата седмица еден дилер на дрога во Велс беше осуден на 8 години затвор, а наплаќањето на дрогата го правел преку Bitcoin.
Поврзани артикли