Што се случува со фајловите што трајно ги бришеме од компјутер? Каде одат?
Краткиот одговор е дека избришаните фајлови и понатаму остануваат во вашиот компјутер. Откако ќе го избришете фајлот, тој физички уште е тука, само што покажувачот (pointer) што води кон неговата локација (адреса) го насочува кон локација на друг фајл.
Сите избришани фајлови може да ги вратите со помош на специјален софтвер, освен во случај кога нешто друго е „препишано“ врз нив. Сепак, тоа не значи дека фајловите исчезнале засекогаш.
Познато е дека одредени криминални групи во Гана успеаја да вратат доверливи информации од компјутерски отпад.
Ако на својот хард диск зачувате нешто што е исклучително доверливо, најдобро е физички да го уништите, а не само да го фрлите.
Извор: B92.net
Поврзани артикли