Основачот на Microsoft, Бил Гејтс смета дека сите компании треба да им овозможат на властите во случај да се јави таква потреба да може слободно да раководат со нивниот софтвер.
„Технолошките компании мора да бидат внимателни и да не мислат дека нивните ставови се поважни од ставовите на властите или во целост да се исклучат од мешање кога е потребна нивната помош“, рече Гејтс за веб-страницата Axios.
На прашањето на новинарот Мајк Ален дали тоа се однесува на Apple, која одби да им помогне на ФБИ да го отклучи iPhone уредот на терористот од Сан Бернандино, Гејтс рече дека „не го дели мислењето дека ни јасната комуникација на криминалец кој убил толку луѓе не треба да ѝ биде достапна на владата.“
„Воопшто не се доведува во прашање тоа дали Apple може да го отклучи тој iPhone. Се работи за волјата тоа воопшто да се направи“, рече тој.
Гејтс откри и од што се плаши најмногу во последно време. Се работи за двојната природа на достапноста на влијателни технологии до мали, независни и нерегулирани групи.
„Секогаш се поставува прашањето колку технологијата окуражува мали групи луѓе да направат голема штета“, рече тој и додаде дека таквите „мали групи“ може да добијат пристап до нуклеарно или сајбер оружје.
„Една таква мала група би можела да влијае на милиони, ако не и на милијарди луѓе. Мене тоа страшно многу ме плаши“, вели Гејтс.
Извор: B92.net