Компанијата Twitter во последниот квартaл од минатата година првпат досега оствари тримесечен профит, при што забележа и раст на приходите.
Но, и покрај тоа Twitter се соочува со проблеми како што е злоупотреба, лажни профили и обидите на руските служби да шират дезинформации, како и стагнирањето на растот на бројот на корисници.
Социјалната мрежа не крие дека има проблеми и воведе нови мерки за елиминирање на профилите кои се користат за злоупотреба. Но, критичарите посочуваат дека Twitter не реагира адекватно на проблемите.vv