Вработените на социјалните мрежи ги споделија првите фотографии од внатрешноста на овој импозантен објект

Вработените во компанијата Apple се преселија во новото седиште вредно пет милијарди долари. Станува збор за кампусот наречен Apple Park, а вработените на социјалните мрежи ги споделија првите фотографии од внатрешноста на овој импозантен објект.

View this post on Instagram

Welcome to the future™️

A post shared by Eugene ~ Eug ~ (@eugandeug) on

Apple Park се простира на површина од 708.200 метри квадратни и во него има место за 12 илјади вработени. Влезот во популарниот „прстен“ се уште е дозволен само за вработените во оваа компанија и за посебно поканетите гости.

Воодушевените вработени на Apple, на социјалните мрежи ги споделиле првите фотографии од внатрешноста на овој импозантен објект и своето ново работно место.

Починатиот директор на Apple Стив Џобс, новото седиште на компанијата го споредил со вселенски брод кога предложил негова изградба во 2011 година.

Неговиот интерес за дизајн влијаел на изгледот на зградата.

Џобс починал во октомври 2011 година, а во негова чест бил изграден амфитеатар со 1.000 седишта, наречен „Steve Jobs Teatar“.

https://www.instagram.com/p/BemAMgmgtrn/?utm_source=ig_embed

Соларниот кров од 17 мегавати ќе биде еден од најголемите на светот, а зградата ќе има природна вентилација. Поради дизајнот нема да биде потребно греење ниту ладење во текот на девет месеци во годината.

Apple Park поседува близу 9.000 стебла и шеталиште, а вработените ќе можат да вежбаат и во теретана.