Европскиот парламент денеска го одобри предлогот за укинување на летното и зимското сметање на време, но конечната одлука за тоа треба да ја донесе Европската комисија
Европратениците бараат Европската комисија да го поддржи ваквиот предлог, која досега се залагаше за задржување на сезонското сметање на времето.
„Многу сум задоволен што по неколку години дискусии на ниво на Комитетот во Европскиот парламент, од кои јас сум единствениот член од Ирска, предлогот беше дебатиран и изгласан денеска во Парламентот.“, изјави европратеникот Шон Кели.
Тој побара од Европската комисија да излезе со препорака да се стави крај на менувањето на времето два пати во текот на една година.
Поврзани артикли