Познатата BMW Isetta, која оригинално била претставена во Европа кон половината на 20. век, во кинеската верзија од 21. век доби подолго меѓуосовинско растојание и дополнителен пар врати.
Честопати кинеските произведувачи на автомобилите, кои своите возила ги продаваат исклучиво на домашниот пазар, се одлучуваат да го ископираат дизајнот на некој популарен современ модел од Западот.
Овојпат, тие ја пронашле својата инспирација за “клонирање” во едно необично возило, старо 60-тина година.
Станува збор за BMW Isetta, која во автомобилската историја е позната како мал градски двосед. Истиот модел, во еден краток период кон крајот на 50-тите, е изработен и во продолжена варијанта со два реда седишта и простор за 4 патници.
Модерната кинеска реинкарнација ја носи ознаката Eagle EG6330K и по дизајнот на надворешноста личи на некогашната продолжена верзија која се продавала како BMW 600 кон половината на 20-от век.
Наместо малиот бензинец кој ја придвижувал оригиналната Isetta, кинескиот “клон” има електромотор од “цели” 5,3 коњски сили.
Електричната енергија се чува во батерии со капацитет од 72 kWh, а Eagle EG6330K има автономија во возењето од околу 120 километри и може да развива максимални 60 км/ч.
Произведувачот не ја објавил цената на ова возило, но се проценува дека Eagle EG6330K би можел да изнесува околу 4 илјади долари. Од фабриката истакнуваат дека овој автомобил е наменет за младата популација која живее во големите градови во Кина.
Поврзани артикли