Основачот на „Space X“ и „Tesla“ Елон Маск деновиве владее со социјалните мрежи каде во чекор го објавува напредокот на мисијата во која испрати автомобил Tesla Roadster со куклата Starman на ракетата Falcon Heavy и ги лансираше во вселената. Синоќа ја објави последната фотографија од „Ѕвездениот човек“ во орбитата на Земјата.
„Последна фотографија на Starman во Roadster пред да се упати кон орбитата на Марс и потоа Астероидниот Појас“, напиша Маск на Instagram под фотографијата што изгледа како излезена од сај-фај стрип.
https://www.instagram.com/p/Be6VZEzgAEk/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi_control
Првата фотографија од автомобилот во вселената ги одушеви луѓето ширум светот, а последната сигурно нема да остави никого рамнодушен, исто така.
Куклата Starman (погодувате, името го носи по популарната песна на Дејвид Боуви) и неговиот автомобил Tesla Roadster се најдоа на ракетата бидејќи Маск сакал да лансира нешто поинтересно од куп бетонски цигли што обично се користат како симулатори за тежина на тест летовите.
Тој рече дека купот цигли ќе било „страшно здодевно“ решение.