Извор близок до компанијата Samsung открива дека смартфонот на оваа компанија кој допрва треба да излезе, моделот Galaxy S9, ќе биде поскап од претходникот Galaxy S8, а разликата во цената ќе изнесува околу 100 евра.
Технолошките медиуми ја потврдуваат оваа информација, односно пренесуваат дека идните потрошувачи на Galaxy S9 ќе мора да издвојат 100 евра повеќе, во однос на сумата која ја плаќаа за минатогодишниот Galaxy S8.
Холандскиот технолошки сајт Tech Tastic, пишува дека Galaxy S9 во оваа земја ќе чини 899, додека Galaxy S9 Plus 999 евра.
Ако информациите кои овие извори ги откриваат се навистина точни, сите други земји од еврозоната ќе понудат исти цени за новите мобилни телефони на Samsung. За потсетување, S8 чинеше 799, а S8 Plus 899 евра.
Tech Tastic ги пренесе и датумите за порачка и почеток на продажба на споменатите смартфони во Холандија.
Нарачки ќе се примаат од 2 март, значи во петокот, веднаш после претставувањето на уредот на 25 февруари. Додека испораката почнува на 16 март. Истите датуми ги соопштија и јужнокорејските медиуми.
Холандскиот сајт додаде дека новата виолетова боја на уредите нема да биде достапна во земјите на Бенелукс.
Извор: Klix.ba