Следниот премиум телефон на Huawei од P серијата, или дури неколку од нив, пристигнуваат на 27. март. Тоа го потврди кинескиот производител, но не и тоа дали новиот модел ќе биде P11 или P20.
Точно е дека уредот ќе има тројна камера, а тоа го потврдуваат и фотографиите кои ги пушти една компанија која ги прави футролите за Huawei телефоните.
Доколку оваа информација е точна, тројната главна камера на телефонот ќе биде поставена на горниот лев агол на телефонот. Се чини дека ќе има двоен LED блиц покрај ласерскиот автофокус.
Нормално, детали за тоа како ќе работи не може да се извлечат врз основа на футролата, па поради тоа ќе мораме да ја причекаме премиерата во Париз.
Тоа што може да се види е дека уредот нема класичен приклучок за слушалки.
https://www.youtube.com/watch?v=ye2i2xMTv-E