Ракетата Falcon Heavy е најсилната ракета со носивост од 64 тони. Ова летало може да носи повеќе багаж од следното најблиско операционо летало.
Таа беше успешно лансирана од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Ракетата беше составена од четири дела. Главниот мотор, два додатни „бустери“ и еден дел кој што носеше автомобил Тесла.
По лансирањето, додатните мотори се откачија од ракетата и се вратија на местото од каде што ракетата беше лансирана и безбедно слетаа.
Главната ракета слета безбедно во Атланскиот океан, додека делот кој што го носи автомобилот Тесла тргна на пат около Сонцето.