Оваа зима сме во недостаток на снег во Скопје, што е тажно за децата кои не беа во можност да имаат една зимска активност, како гаѓање со снежни топки. Сепак во некои држави постојат изуми кои ќе го надминат овој проблем. Во Минесота се појави автомат од кој можете да купите снежни топки. Овој автомат продава рачно направени замрзнати снежни топки, а позади проектот стои маркетинг агенцијата Space150. Вчера се одржа најголемиот спортски настан на тлото на САД – Super Bowl, а оваа маркетинг агенција сакаше да го искористи тој настан и на гостите да им долови дел од студот во Минесота по цена од 1 долар за снежна топка.
Brock Davis кој е одговорен за креативниот дел на овој проект изјави: „Ние сакавме на посетителите на Минесота да им дадеме нешто што е уникатно за нашиот регион, нешто што може да го однесат дома. Бидејќи сме познати по студот, природно е што тоа ни даде идеа да продаваме вистински снежни топки како сувенири. А најдоброто нешто е што тоа го правиме преку автомати. Овој проект беше многу забавен бидејќи целата идеа стои на линијата помеѓу брилијантноста и глупавоста.“
Davis накратко го опиша процесот на подготовка: „Снежните топки се направени рачно и затвоерни во водоотпорен контејнер. За среќа, времето не послужи па снежните топки можевме да ги оставиме надвор. Автоматор е како фрижидер и штом топките се внатре, тие нема да се стопат. Модифициравме стандарден апарат кој ќе може да содржи снежни топки.“ За време на super Bowl викендот, ваквиот автомат се наоѓа во Hewing Hotel во Минеаполис.
Поврзани артикли