Денешните смартфони се деликатни парчиња технологија иако многу често ги третираме поинаку. Покрај тоа што се многу кршливи, тие константно емитуваат и радијација и топлина. Поради тоа многу важно е да не бидат премногу блиску до вашето тело.
Носењето телефон не само што може да ви наштети на здравјето туку може да му наштети и на самиот телефон.
Може да ви создаде проблем со грбот
Здравствените експерти забележале дека е зголемен бројот на пациенти кои се жалат на болки кои почнуваат од задникот и се спуштаат низ ногата.
Тие сметаат дека единствениот виновник за тоа е телефонот што го носиме во задниот џеб.
„Потенцијалната штета на носењето телефон во задниот џеб е прилично очигледна. Притискањето на каков било тврд објект во задникот, кој е клуч за непријатниот стрес, е лоша идеја“, тврди неврологот Орил Авицур.
Овие проблеми може да бидат предизвикани и од носење паричник.
Зголемување на шансите да ги скршите својот телефон
Доколку не носите фармерки или панталони со патент на џебовите, тогаш вашиот смартфон воопшто не е сигурен. Носењето телефон во задниот џеб ги зголемува шансите да седнете на него или го губи притисокот што се создава од движењето. Исто така, повеќето џебови немаат патент па многу лесно може да се случи да ви испадне, особено ако е во задниот џеб додека сте во тоалетот.
Ако телефонот е премногу блиску до телото, може да предизвика сериозни здравствени проблеми
Во корисничкото упатство на iPhone 5 јасно стои дека телефоните во секој момент треба да бидат оддалечени од телото барем 10 милиметри.
Но, тоа не е сè, истражувањето од 2014 година открило дека носењето смартфон во предниот џеб може негативно да влијае на бројот на сперматозоиди кај мажите затоа што радијацијата се зголемува во моментите кога приемот е лош и телефонот константно се обидува да се поврзе на најдобриот приемник.
Можете да се запалите
Иако можеби ова ви звучи како шега, забележан е случај на тинејџерка која се здобила со изгореници од трет степен откако нејзиниот телефон се запалил во џебот додека одела во училиште. Тоа ѝ се случило и на друга тинејџерка која својот телефон го носела во задниот џеб.
На телефоните им е потребен воздух затоа што технолошките процеси генерираат топлина. Ако телефонот не е изложен на надворешен воздух, кој би го оладил, може да дојде до дефект, па дури и да изгори.
Други начини на кои можете да го оштетите телефонот
Ако во истиот џеб случајно оставите клучеви или ситни пари, многу лесно можете да ја оштетите надворешноста на телефонот. Тука треба да се напомене и потењето, потта може да направи дополнителни оштетувања.