Научниците од САД спроведоа голем и долгорочен експеримент со цел да дознаат дали зрачењето на мобилните телефони навистина може да доведе до развој на рак. Експериментите врз стаорци и глувци покажаа дека зрачењето на мобилните телефони е многу малку веројатно дека може да предизвика појава на рак кај луѓето.
За време на експериментот, глодарите се ставени под влијание на зрачната моќ на смартфоните во времетраење кое во голема мера дури ги надминуваат нормалните ефекти на мобилните телефони. Во рок од две години глувците и стаорците биле зрачени со помош на зраци од 1,5 до 10 вати по килограм девет часа на ден. Во овој случај, телото на животните било целосно изложено на зрачење – а не само главата, како во случај со луѓето кои зборуваат на мобилен телефон.
Како резултат на зрачењето, кај некои од машките стаорци, таквите дози на зрачење направиле тумори на нервните ткива во срцето. Глувците и женските стаорци не биле погодени од зрачењето. Ова сугерира дека секојдневието на мобилниот телефон веројатно нема да доведе до сериозни последици за некоја личност.