Компанијата SpaceX утре ќе ја лансира својата ракета Falcon Heavy, а основачот и директор Елон Маск има за цел покрај автомобилот Tesla Roadster во вселената да испрати и својата фигура.
Ракетата Falcon Heavy ќе биде лансирана од вселенскиот центар на НАСА во Флорида, седум години откако е најавенa.
Ќе биде тоа демонстрациска мисија, чија цел ќе биде да се тестира дали ракетата може да носи товар во орбитата.
Товарот всушност ќе биде црвениот автомобил на Маск, Tesla Roadster, во кој веројатно ќе биде и неговата фигура.
Маск објави три фотографии на социјалните мрежи, кои го прикажуваат „патникот“ зад управувачот на Roadster, фигура односно кукла облечена во нов вселенски костим на компанијата SpaceX.
Тој порано објави фотографии од новиот костим, кој го дизајнирал за луѓе во леталото Crew Dragon, кoe SpaxeX го прави за транспорт на астронаутите на НАСА во Меѓународната вселенска станица.
Извор: Klix.ba