Во близина на Кефреновата пирамида во Гиза, Египет, археолозите откриле гробница стара околу 4.400 години.
Министерството за антиквитети соопшти дека тоа е најверојатно гробницата на Хетпет, влијателна свештеничка жена од времето на Петтата династија на древниот Египет.
Ѕидовите на гробницата се насликани со портрети на Хептет, како таа набљудува лов и риболов.
Главниот археолог кој работел на ископувањето, Мустафа Ал-Вазири изјави дека на ѕидовите на гробницата имало и мајмуни, кој во древен Египет биле домашни животни. Хетпет, како што се верува, била блиска со владетелите на Старото кралство.
Се смета дека била свештеничка на Хатор, божица на плодноста која старите Египќани ја сметале за заштитничка на жените при пораѓање. Иако уште не е најдена и мумијата, фрагментите од артефакти што ѝ припаѓале на Хетпет биле најдени во истата област пред околу еден век, во 1909 година.
Гробницата направена од кал и цигли беше најдена како дел од огромно ископување во кое беа ивадени 250 до 300 метри кубни земја.
„Ова наоѓалиште ветува многу, очекуваме да најдеме уште многу артефакти“, вели Ал-Вазири.
Извор: B92.net