Иако минатата година тоа не им појде од рака, јапонската агенција за истражување на вселената JAXA конечно успеа да ја лансира најтенката и најмала ракета на светот во Земјината орбита.
Од JAXA велат дека лансирањето на ракетниот модел SS-520-5 бил демонстрационен експеримент. Ракетата со себе го носеше сателитот TRICOM-1R, кој тежи три килограми и набрзо беше оставен во орбитата. Со помош на овој сателит вработените во JAXA ќе можат да ја надгледуваат Земјата преку неколку камери.
Ова ракета е долга 9,54 метри, има дебелина од само 0,52 метри, а тежи 2,6 тони. Изработката на моделот SS-520-5 чинеше скоро пет милиони долари.
Извор: Klix.ba