Летачките такси се уште поблиску до реалноста откако неделава воздухопловниот гигант Airbus по прв пат го тестираше своето беспилотно летачко такси во САД. Vahana е целосно електрично и автономно летало кое полетува вертикално, а прототипот во средата полета во Орегон. Полета до висина од 5 метри и по 53 секунди во воздух безбедно слета.
За помалку од 2 години Vahana од концепт на хартија стана вистинско автономно летало кое го оствари првиот лет. Ова е една од визиите на Airbus за мобилноста во иднина. Vahana би требало да биде едносед кој ќе донесе демократизација на персоналните летови, велат од компанијата и наведуваат дека за летање ќе користи електричен погон, енергија и машински вид како главна технологија. Велат дека сега ги чекаат бројни тестови и во иднина леталото треба да добие и нови мотори.
Шефовите на компанијата се надеваат дека Vahana ќе биде подготвена за продажба во 2020 година, а токму Uber претходно ја најави Vahanа како можен кандидат со кој Uber дополнително ќе ја прошири својата понуда.
Извор: 24sata.hr