Земјата има вжештено јадро, кое меѓу другото, создава магнетно поле кое ја штити нашата планета од влијанието на соларните ветрови.
Ова поле се простира на илјадници километри во вселената, а влијае и на многу работи, пред се на комуникацијата и снабдувањето со електрична енергија. Но, полето, според тврдењата на научниците, ослабело во последните 200 години за 15 проценти. Тоа, како што велат, е знак дека магнетните полови ќе се заменат.
Даниел Бејкер од Универзитетот во Колорадо тврди дека ова се довервливи знаци за големи промени. Историски, половите на нашата планета се менуваат на секои 200.000 до 300.000 години. Но, последната промена според податоците на научниците се случила пред 780.000 години.
Сателитските снимки на Европската сателитска агенција укажуваат на тоа дека промената е неизбежна. Растопениот никл и железото во земјиното јадро црпат енергија на местото каде треба да дојде до промена на половите.
Нивното влијание може да биде погубно по човештвото – ќе се создаде пореметување во снабдувањето со енергијата, ќе има климатски удари и ќе биде зголемен бројот на заболени од рак.
Според некои истражувања, глобалното затоплување е повеќе последица од влијанието на соларните ветрови отколку од емисијата на гасови. На основа на историските податоци, ако ова слабеење на магнентото поле продолжи да се случува, Земјата би можела да заврши како Марс.