По пауза од 36 години, жителите на Северна Америка, Азија, Блиски Исток, Русија и Австралија синоќа беа сведоци на „супер сина крвава месечина“.
Феноменот претставува редок астрономски триплет со поклопување на три лунарни појави, супермесечината, сина месечина и целосното затемнување.
Порамнувањето на сонцето, месечината и земјата започна во 10:51 и заврши во 16:08 часот според средно време по гринич.
Сепак, тоа не беше видливо од територијата на Македонија, но затоа можеше да се ужива во глетката на супермесечината. Во продолжение, погледнете дел од фотографиите кои ги направија македонските фоторепортери Ѓорѓи Личовски, Роберт Атанасовски, Томислав Георгиев, Наке Батев и Борче Поповски.
Поврзани артикли