Корисниците на Facebook поминуваат помалку време на социјалната мрежа од воведувањето на новата политика за вести, објави компанијата.
Покрај тоа, реформата довела до намалување на потрошувачите во САД и Канада во последниот квартал.
Компанијата неодамна објави дека сега ќе им даде приоритет на постовите на семејството и пријателите во колоната за вести за да се стимулира комуникацијата меѓу луѓето.
Шефот на социјалната мрежа, Марк Цукерберг изјави дека времето потрошено од корисниците на интернет паднало за 5 отсто. Тој изрази уверување дека овој пад ќе има позитивно влијание долгорочно.