Компанијата Apple планира до крајот на годината да понуди на пазарот три нови Mac компјутери во кои ќе користи копроцесори од сопствено производство.
Apple веќе произведува посебни процесори за своите смартфони, таблети и мали преносни уреди, но за прв пат компанијата ќе вгради сопствени процесори и во Mac компјутерите.
Кога во 2016 година се појави MacBook Pro со Touch Bar, покрај Intel процесорите, лаптопите содржеа и дополнителен чип на Apple што се користеше за функционирање на Touch Bar и Touch ID.
Минатиот месец Apple го вгради својот чип задолжен за звук, камера и енкрипција во iMac Pro. Компанијата ја зголеми употребата на сопствени процесори, што покажува дека има сѐ помала потреба да чека на други компании за подобрување на своите уреди и тоа ѝ овозможува подлабока интеграција на сопствените хардвер и софтвер, пишува „The Verge“.
Можеби најважно е тоа што Apple се приближува чекор поблиску до користење на свој чип како core процесор во Mac.
Apple на своите уреди iPhone и iPadu покажа дека може да направи процесори што се подобри од оние на нејзините ривали.
Сепак, има уште многу препреки што ја спречуваат Apple да ги замени процесорите на Intel во Mac со свои, така што остварувањето на оваа цел можеби ќе потрае подолго од очекуваното.
Извор: B92.net