Традиционалните MIPIM награди кои секоја година се доделуваат за најзначајните и успешни проекти во градежништвото и архитектурата и оваа година ќе се одржат во Кан, Франција. Закажани за март, тие ќе ги одбележат најзначајните градителски потфати во 2017 година.
Оваа година во листата на кадидати за наградата „Најфутуристичка градба во 2017 година“ има 4 проекти. Првиот кандидат е „Commercial Bank Headquarters Mixed-Use Project“ во Тајван дело на архитектите од „Aedas“. Вториот е „National Museum of Qatar“ стациониран во Доха, кој е дело на архитектот Jean Nouvel. Трет кндидат е „National Museum of World Writing“ во Инчеон, Ј. Кореја дизајниран од „SAMOO Architects & Engineers“ и последниот кандидат за оваа престижна награда е „Skellefteå Cultural Centre“ во Шведска, дело на архитектите од „White Arkitekter“.