Компанијата Microsoft по долго време одлучи со конкретна надградба да одговори на корисничката загриженост за сигурноста на личните податоци.
Оваа компанија веќе подолго време е под удар на европските закони, кои ја присилуваат на транспарентност околу податоците што ги собира од своите корисници. Откако на сите јасно им стави на знаење кои податоци ги собираат сите верзии на „Виндоус“, ЕУ од компанијата побара да оди и еден чекор натаму. Најновата надградба ќе им овозможува на корисниците точно да знаат кои податоци „излегуваат надвор“ – користејќи го самиот оперативен систем.
Оваа функција прво ќе им биде достапна на ограничен број корисници кои имаат пристап до новиот „Windows Diagnostic Data Viewer“. Оваа програма нуди можност за преглед на податоците што се испраќаат на серверите на Microsoft преку Windows 10.
Овие податоци вклучуваат поврзани уреди, периферии, конфигурациски опции, податоци за перформанси, гледање филмови, инсталирани апликации и уште многу други работи. Корисниците што сакаат поголема контрола на податоците кои се испраќаат можат да ја погледнат содржината на „испратениот пакет“.
Оваа апликација ќе биде достапна прво на „Windows Insider“, а „Мајкрософт“ планира да ја вклучи во новата голема надградба за „Виндоус 10“. Промоцијата се очекува напролет.
Извор: B92.net