Турскиот бизнисмен Туфан Калман ja тужи лондонската компанија за продажба на „суперавтомобили“ откако му го продалa моделот Пагани Зонда 760 Купа за 3,4 милиони фунти без дозвола да го вози во Швајцарија, каде што живее.
Пагани Зонда е уникатно возило, производ на италијанската компанија Пагани, изработено од јаглеродни влакна, со 750 коњски сили. Возилото се смета за еден од најмоќните автомобили за кои е можно да се добие дозвола за возење во редовен сообраќај.
Но, претставништвото на Пагани во Лондон не го информирало Калман дека дозволата за неговиот „ѕвер“, која важи во Британија, не важи во Швајцарија. Калман бара од компанијата да му ги врати парите, или да му обезбеди дозвола за регистрирање на автомобилот.
Поврзани артикли