Хемичарите се на чекор до реализација на т.н. паметни прозорци кои во иднина треба да создадат систем кој може да ја промени транспарентноста на стаклото во зависност од температурата и светлината. Со регулирање на протокот на зрачење што влегува во собата, тие ќе го направат нашето присуство во објектот поудобно и значително ќе ги намалат трошоците за греење и ладење на воздухот внатре.
Од Универзитетот Беркли во Калифорнија стигнува вест дека научниците со користење на минералот перовскит и калциум титанат успеале да добијат материјал кој ја менува структурата под влијание на температурата и влажноста. На собна температура, ваквото стакло е со транспарентност во видлив опсег кој надминува 80%, а кога се загрева, паѓа на 35%. Новиот материјал не е доволно ефикасен за да генерира енергија во “топла фаза”, но тимот кој работи на иновацијата е убеден дека ќе можат да изберат оптимална комбинација на супстанции за да ги решат овие проблеми.
Новите фотоелементи базирани на легура на минералот перовскит се транспарентни на обична температура, но потемнуваат во топлината, а во исто време произведуваат и електрична енергија.
Поврзани артикли