Nokia продолжува да се обидува да биде успешна во новите хардверски категории, откако излезе од бизнисот со паметни телефони. За таа цел, компанијата претстави свој сопствен тракер, кој ќе биде ставен под постелнината на креветот, пишува Bloomberg..
Финскиот производител го нарекува уредот „Nokia Sleep“. Има сензори за движење и софтверски алгоритми кои можат да одредат колку долго сте спиеле, дали вашиот сон бил нарушен и дали хрчите.
Софтверот на „Nokia“ ќе ви даде општи податоци за сонот. Исто така, ќе работи со некои паметни домашни апарати. На пример, домашните светла автоматски ќе се вклучуваат или исклучуваат, ако системот почувствува дека корисникот заспива или се буди.
Роб Ле Брас – Браун, директор на „Nokia“ за здравствени производи, коментираше дека системот не е толку прецизен како клиничките студии за спиење. Но, тој смета дека е покорисен од конкурентите.
„Nokia“ го претстави уредот на големиот технолошки настан „CES“ во Лас Вегас. Тракерот е достапен по цена од 99 долари.
Неговото лансирање доаѓа неколку месеци откако „Apple“ го придоби финскиот стартап „Beddit“, кој продава сличен производ.
„Apple“ го продава тракерот на „Beddit“ на својот веб-сајт, но не го брендира како свој производ. Покрај тоа, компанијата не ја интегрира технологијата во сопствената производна линија.
Поврзани артикли