Apple со години премолчуваше дека нејзините батерии губат моќност, дека им опаѓа капацитетот и животниот век.
Кога Apple призна дека намерно ги забавува старите iPhone уреди за да имаат корисниците „подобро искуство“ и „стабилен систем“ за работење, на многумина тоа не им се допадна бидејќи ваквиот потег го доживеаја како притисок да ги купуваат најновите уреди, иако старите уште добро работеа.
Директотот на Apple Тим Кук најави дека со новите ажурирања корисниците на старите iPhone уреди ќе може сами да одберат дали сакаат уредот да им се забави за да работи стабилно или ќе ризикуваат да им падне системот на сметка на побрзо работење на уредот.
Освен што ќе добијат право на избор, корисниците на iPhone ќе го добијат она што корисниците на Mac го имаа од самиот почеток – информации за здравјето на нивните батерии и препорака дали треба да ја заменат батеријата.
Apple со години премолчуваше дека нејзините батерии губат моќност, дека им опаѓа капацитетот и животниот век.
Корисниците не можеа ниту да ги преземат апликациите во App Store за да го утврдат здравјето на нивните батерии. Компанијата се оправдуваше дека тоа е од безбедносни причини, но сѐ повеќе луѓе се уверени дека Apple всушност криел една критична информација – бројот на циклуси полнења на батеријата.
Токму тој податок открива колку пати батеријата била наполнета и испразнета, односно колку е „здрава“ батеријата и уште колку време може да трае.
Факт е дека сите батерии на смартфони со тек на време губат на капацитет и издржливост. Некои производители се обидуваат тоа да го компензираат со подобар софтвер, други вложуваат во развој на чипови за порационално трошење на батеријата.
Проблемот е што Apple се чини дека направи сѐ за да им ја отежне на своите корисници промената, замената или контролирањето на здравјето на батеријата.
Сега се труди да се искупи, па ги намали цените за замена на батериите и им овозможи на корисниците подолго да ги користат старите примероци на iPhone. Останува да видиме дали тоа ќе биде доволно повторно да ја врати довербата на своите корисници.
Никола Бурагев