Вештачката интелигенција во Холандија помага во одржувањето на здрави и повеќе продуктивни крави
Веќе сите знаеме дека вештачката интелигенција има неверојатен број на апликации, но во својот нов видео запис, Google сака да покаже колку е широк спектарот на примена, па покажа како нивната технологија им помага на сточарите во Холандија, да ги направат кравите поздрави, а со тоа и повеќе продуктивни.
Како што пишува порталот Маркетинг 365, во спотот е претставена компанијата „Connecterra” која применува системи за машинско учење во земјоделството. Основачите на компанијата, Асир Хохар и Саад Ансари, развија продукт наречен Ида, кој ја користи TensorFlow, технологијата на Google за машинско учење, за да се разбере и протолкува однесувањето на кравите, и да им даде на стачарите увид во здравјето на своите стада.
Кравите носат сензори, од кои се собираат податоци за следење на активностите како што се јадење, пиење, одмор, плодност, температура и многу повеќе. На овој начин, системот може рано да ги открие проблемите, како што се болести или дигесивни нарушувања, и да им даде препораки на фармерите за тоа како да ги одржат кравите здрави, што влијае во голема мера на подобрувањето на ефикасноста на нивните фарми.
„Connecterra” тврди дека забележува зголемување на производството на млеко од 30% на фармите на нивните клиенти, што би можело да има огромни импликации за иднината на земјоделството.