Кинеските научници објавиле дека за прв пат по 300 обиди успеале да клонираат мајмуни.

Двата мајмуни се клонирани со истата техника со која своевремено била клонирана и овцата Доли.

Иако со оваа постапка можноста дека еден ден ќе бидат клонирани и луѓето изгледа сè поблиску, кинеските научници предупредуваат дека нема никави причини за нешто такво.

 

Покрај тоа, нагласуваат тие, претходно би морало да се одговори на етички и правни прашања.

Сепак, техниката ќе им овозможи на истражувачите да создадат лаборатории полни со генетски идентични мајмуни, што би нашло голема примена во научното и медицинско истражување.

Тие ќе бидат корисни не само за медицински цели, за истражување на генетички болести, туку и за рак или за метаболични пореметувања, вели Чанг Сун од кинескиот Институт за неврологија.

Клонираните мајмуни се родени пред осум и шест недели во една лабораторија во Кина.

Извор: Kurir.rs / Reuters