Современите автомобили се преполни со електроника, имаат системи за сателитска навигација, а веќе и пристап до интернет. Претстои интегрирање на системи за автономно управување кои ќе се поврзуваат на централен сервер и вештачката интелигенција.
Сите овие технологии им овозможуваат на производителите на автомобили да соберат податоци за возачот и да ги научат најмалите детали за нив, колкава е нивната тежина, каде живеат, што јадат и која болница ја посетуваат.
Авто-производителите постојано собираат информации за своите клиенти, откако за целта вградуваат во своите автомобили огромен број електронски системи, пишува The Next Web.
Тука влегуваат GPS-те, мултимедијалните системи со поддршка на паметни телефони, камерите за следење на заморот на возачот, сензорите за седиштата и воланот, навигациските системи и пристапот до интернет.
Според аналитичарите, сите податоци за возачот се испраќаат до заинтересираните страни кои можат да ги користат информациите по своја желба. Особено, примателот на таквите информации е облачната услуга за поврзани автомобили „Otonomo.“