Snap Inc. je објави дека Snapchat корисниците наскоро ќе бидат во можност своите објави да ги споделуваат и на другите социјални мрежи.
Ова без сомневање претставува потег со цел корисниците да се заинтересираат за продолжување на користењето на Snapchat и за да се спречи поголем дел од нив да мигрираат на Instagram и другите сервиси. Snapchat сега на корисниците им дава можност своите приказни да ги делат на Twitter и Facebook, доколку имаат поврзани профили на тие сервиси.
Алтернативно, корисниците ќе можат да испраќаат и линкови, преку мејл или текстуални пораки на корисниците кои не се наоѓаат на ниту една од овие платформи, а линковите ќе можат да ги отвораат во своите веб-прелистувачи.
Snapchat споделувањето содржини на другите социјални мрежи почнува од денеска, а на сите ќе им биде достапно во текот на следните недели.