И покрај гласините кои се појавуваа, Galaxy S8 имаше максимално 60 fps за Full HD видео снимање, а истото го донесе и Galaxy Note 8. Со оглед на тоа дека се приближува објавата на Galaxy S9, почнуваат да кружат нови гласини – телефонот би требало да има “Super slow-mo” опција, но сега има и некои докази кои го потврдуваат ова.
Новата ISOCELL Bright линија на Samsung има 3-stack Fast Readout сензор, кој овозможува 1080p видео снимање од 480fps. Меѓутоа, тука недостасува еден клучен детал, а тоа е колку ова трае?
Sony Motion Eye може да оствари двојно повеќе фрејма по секунди (960fps), но за помалку од петина секунда и во 720p резолуција. Исто така, ова е Bright сензор со Tetracell tehnologija (мали 0.9µm пиксели кои ја подобруваат осетливоста во услови на слабо осветлување).
Samsung веројатно нема да го користи истиот сензор за Galaxy S9, а најверојатно јужнокорејската компанија ќе понуди нешто со поголеми пиксели и сличен 3-stack дизајн.