Новата надградба на Android, верзијата 8.1 има неколку новости кои можат да се покажат како многу важни за корисниците на овој оперативен систем. Една од нив е новата опција која му дозволува на корисникот да провери колку е брза Wi-Fi мрежата пред да се конектира на неа.
Оваа опција ќе може да се најде во нагодувањата за безжична мрежа, и ќе покажува една од четирите брзини на мрежата: Многу брза, Брза, Океј или Бавна.
Разликата помеѓу Многу брза и Брза мрежа, според Google, ќе биде во тоа што со Многу брзата мрежа ќе можете да пуштите висококвалитетни видеа, додека Брзата мрежа ќе ви дозволи да пуштите видеа, но не со тој квалитет.
Public Wi-Fi can be spotty. For the first time, #AndroidOreo 8.1 lets you take out the guesswork & see the speed of networks before you hit connect. Rolling out now: https://t.co/lSzvCFgNk7 pic.twitter.com/60EmoPxUX4
— Android (@Android) January 22, 2018
Повеќето кафетерии и јавни отворени мрежи ќе бидат означени со Океј мрежа, која е доволна за разгледување низ интернет, социјални мрежи, па дури и стримање на Spotify.
Што се однесува до приватните затворени мрежи, вашиот Android нема да може да ви покаже колку е брза мрежата бидејќи тие се заклучени со лозинка и Google не може да ги тестира. Сепак, и понатаму ќе може да се детектира јачината на нивниот сигнал.
Новиот апдејт на Android е повеќе од само нови емотикони и поубав интерфејс. Android 8.1 носи со себе многу новитети кои можат да се покажат како практични и корисни за редовните корисници.