Додека се почесто гледаме телефони кои имаат по две камери од предната и од задната срана, следниот топ модел од Nokiа би требало да добие дури шест. На тоа укажуваат најновите гласини од Кина, според кои таквиот уред би требало на врвот за има стандардна леќа за селфи фотографии, додека од страните треба да добие систем од 5 леќи.
Целиот уред веројатно ќе потсетува на Lumiа 1020, Windows телефонот кој Nokia го претстави во 2013 година. Како што се наведува, ова е телефон кој нема никава врска со новите Nokiа 8 и 9, кои HMD Global треба да ги претстави годинава. Исто така, овој уред нема да ја има премиерата на саемот во Барселона кон крајот на февруари туку подоцна годинава на IFA саемот во Берлин. Што се однесува на останатите детали, се споменува процесорот Snapdragon 845
Извор: 24sata.hr