Следната голема верзија на Android оперативниот систем би можела да се вика Pi, или уште поверојатно Pie – како пита, бидејќи Google има навика Android верзиите да ги нарекува по слатки, па само досега ги имавме „Cupcake“, „Donut“, „Eclair“, „Froyo“, „Gingerbread“, „Honeycomb“, „Ice Cream Sandwich“, „Jelly Bean“, „KitKat“, „Lollipop“, „Marshmallow“, „Nougat“, какои и претходниот „Oreo“.
Деталите за новата верзија на Android оперативниот систем се забележани во рамките на „Android Open Source“ проектот, па се чини дека станува збор за работно име на новата верзија. Google има навика намерно да пушта некои информации од следната верзија на оперативниот систем.
Android 9.0 се очекува оваа година, а како наследник на претходната Oreo верзија, па „P“ е интересна трага во игра за погодување на новото име. Името укажува на пита, која би се вклопила во новото лого – како пита од тиква, која има фина портокалова нијанса – затоа што бојата на овошјето е главна состојка на оваа слатка, па ќе внесе промена во однос на темно-кафеавата Oreo верзија.
Новата верзија вообичаено ќе биде лансирана во октомври, а прашање е дали тогаш ќе се случи, бидејќи и Oreo се користи на само 1 процент од уредите. Најпопуларен се уште е Nougat, кој го има на една четвртина од Android уредите.
Поврзани артикли