Најголемата светска слободна енциклопедија Wikipedia одбележува 17 години постоење. Беше креирана од Џими Велс и Лери Сенгер кои на луѓето сакаа да им овозможат бесплатен пристап до „целото знаење на светот.“
Содржи повеќе од 40 милиони статии на 299 различни јазици, а нејзиниот слоган е „бесплатна енциклопедија која секој може да ја менува“. Wikipedia е една од најкористените и најпопуларните интернет страници, а работи од 15 јануари 2001 година.
Извор: Klix.ba