Компанијата Google најави дека има намера да ги прошири своите Сloud услуги на пет нови региони и дека ќе постави три подводни кабли за да ги задоволи потребните капацитети на тие услуги. Платформата Cloud веќе е функционална во тринаесет региони вклучувајќи ги Токио, Тајван, Мумбаи, Сингапур, Сиднеј, Лондон, Белгија, Франкфурт, Сао Пауло, Орегон, Ајова, Северна Вирџинија и Јужна Каролина, а проценува дека ќе го сочинува вкупно 25% од целиот Интернет сообраќај.
Платформата сега ќе се прошири на Хонгконг, Лос Анџелес, Холандија и Финска. Ова значи дека компаниите во тие региони кои ја користат платформата Google Cloud за нивните сервери да имаат подобри перформанси и помали серверски пореметувања. Од Google порачуваат дека луѓето кои живеат во овие региони имаат причина да бидат возбудени.
Овие кабли ќе се придружат на постојните осум, во кои Google директно инвестираше. Google инвестираше и во услугата Indigo, која ги поврзува Австралија, Индонезија и Сингапур, како и во PLCN, која ги поврзува Хонгконг и Лос Анџелес. И двете услуги ќе бидат во функција од 2019 година.
Кабелот Curie ќе ги поврзува Калифорнија и Чиле и е единствениот кој Google приватно го поседува. Google ќе стане првата телекомуникациска компанија која ќе направи интерконтинентален кабел.
Извор: Klix.ba