Иако првата генерација на купе кросоверот на BMW е на пазарот само четири години, германскиот произведувач веќе го подготвил наследникот.
Поттикнати од успехот на пазарот со моделот X6, BMW во 2014 година лансираше уште еден, за еден број помал купе кросовер X4.
Само четири години подоцна пристигнува нова генерација на овој модел, што на саемот на автомобили во Детроит го потврди и првиот човек на BMW за Северна Америка, Бернанрд Кунт.
„Оваа година ќе лансираме нов BMW X4“, изјави Кунт за време на изјавите за новинарите на најголемиот северноамерикански авто-салон.
Тој не изнесе повеќе детали околу наследникот на актуелниот модел, но „шпионските“ фотографи успеале кон крајот на 2017 година да забележат маскиран прототип од новиот X4 за време на тестирањата.
Се очекува новиот модел да биде поставен на CLAR механичка платформа, на која е базиран и новиот BMW X3, и дека поради тоа ќе биде полесен од првата генерација.
Датумот на премиерата не е соопштен, но BMW, новиот X4 најверојатно ќе го претстави на некој од најголемите светски саеми за автомобили во 2018 година.
Извор: B92.net