Потпретседателот на Messenger, Дејвид Маркус, ги објави своите предвидувања за оваа апликација. Некои се очекувани, а некои навестуваат промени што можеме да ги очекуваме.
1. Поголема интеракција на Messenger
„Месинџер“ би требало да го поддржи најавениот пресврт кон смислени интеракции на „Фејсбук“, и онлајн и офлајн. Можно е тоа да значи воведување ботови направени врз основа на вештачка интелигенција, слично како „Гугл асистант“. Треба да се очекува и полесно споделување на содржината, можно е и прикажување на видеото во апликација и пребарување на вести, но и подобро комуницирање при вонредни околности.
2. Messenger ќе има нов дизајн
Во последните години „Месинџер“ доби уште неколку функции, а притоа дизајнот не беше значително променет. Промените што се очекуваат би требало да го поедностават неговото користење. Маркс најави дека „Фејсбук“ значително ќе вложи во редизајнот на оваа апликација.
3. Година на визуелни доживувања
По повеќе од 17 милијарди видеоразговори во 2017 година, не е чудно што „Фејсбук“ ќе биде посветен на подобрување на овој аспект на „Месинџер“. Маркус најави супербрза и интуитивна камера, видео, слики, гифови и стикери со речиси секој разговор, а ќе има и поголем избор на филтри и стикери, подобро препознавање на лица и означување на фотографија во апликацијата.
4. Очекувајте повеќе ботови
Минатата година биле создадени повеќе од 200.000 ботови за Messenger, изнајмени од помалите компании и глобалните брендови. Оваа година можеме да очекуваме збогатување на искуството на размена на пораките. Се надеваме дека тоа ќе значи проширување на моменталните можности, но и влегување на поголем број големи брендови, како „Епл мјузик“ и „Лего“.
5. Пристигнуваат корисничката поддршка и продажбата
Сè поголем број компании во текот на оваа година ќе почнат да го користат Messenger како алатка за корисничка поддршка, но и како канал за продавање. На „Фејсбук“ веќе може да се направат огласи што овозможуваат поврзување на купувачот со претставникот на продажба или бот што ја извршува оваа работа. Веројатно можеме да очекуваме подобрувања во постојните и додавање на нови можности.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли