Групата нуркачи открила две поврзани подводни пештери во источно Мексико, за кои се верува дека го сочинуваат најголемиот систем на поплавени пештери на светот.
Ова откритие би можело да даде нови информации за древната цивилизација на Маите.
Научниците велат дека 347 километри долгиот систем на пештери е откриен по неколку месеци истражување.
Откриен бил во близина на туристичкото место Тулум, а било откриено и дека системот Сак Актун, за кој се верувало дека е долг 260 километри, е поврзан со 83 километри долгиот систем Дос Охос.
“Ова откритие ни овозможува и детално да ги проучиме ритуалите, светилиштата,. а на крајот и големите претколонијални населби чии остатоци се наоѓаат таму”, ркеол Гиљермо де Анда, подводен археолог на тимот Гран Аквиферо Маја.
На полуостровот Јукатан се наоѓаат многу остатоци од цивилизацијата на Маите, чии градови биле поврзани со подземни води низ сложениот систем на отвори во земјата.
Извор: Kurir.rs / Gardian
Фото: Reuters