NASA откри тунели кои водат длабоко под површината на Месечината, за кои се претпоставува дека одамна настанале како последица на лава
Американската вселенска агенција NASA откри тунели кои водат длабоко под површината на Месечината, за кои е проценето дека би можеле да бидат идеални за нова лунарна база.
Станува збор за тунели кои одамна настанале како последица на лава, пренесуваат светските медиуми.
„Во однос на нивната големина, облик, осветлување и геолошко опкружување, станува збор за добри кандидати за лунарна база“, изјави водичот на истражувањето доктор Пакал Ли.
До откривањето на овие тунели научниците дошле проучувајќи снимки на површината, на кои забележале дупки. Се покажало дека дупките всушност се отвори на тунели, кои се создале, најверојатно, во периодот кога на Месечината уште имало вулкански активности.
Биле откриени околу 200 слични такви отвори, а нови биле воочени на Северниот пол. Во NASA сметаат дека некои тунели длабоко би можеле да кријат и замрзната вода, што во тој случај би било големо олеснување за идните мисии на Месечината, бидејќи за патувањата би можеле да располагаат со дополнителен простор и тежина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп и издаде наредба на NASA да испрати тим на астронаути на површината на Месечината.
„Нашиот следен чекор би требало да бидат понатамошни истражување, да потврдиме како овие дупки навистина влегуваат во тунели, односно ако влегуваат, дали содржат мраз“, заклучи доктор Пакал Ли.
Извор: B92.net