Компанијата Боинг ги откри своите планови за новиот хиперсоничен авион кој би бил наследник на легендарниот Blackbird SR-71.
Моментално станува збор само за концепт кој би требало да биде пет пати побрз од звукот. Кевин Боукат од Боинг истакнал дека е вистински предизвик да се направи летало кое може да полета и да забрза од еден до пет маха. Исто така, тој објаснил дека работат на развој на леталото во две фази.
Во првата фаза ќе произведат авион кој ќе биде потврда на дизајнот, со големина на F-16 и еден мотор. Подоцна би произвеле авион со поголема должина кој би содржел два мотор. По должина, тој би бил сличен на 32,6-метри долгиот SR-71.
@Boeing takes wraps off Mach 5+ hypersonic 'son of Blackbird' contender at #AIAASciTech pic.twitter.com/P9fkfq5Xgx
— Guy Norris (@AvWeekGuy) January 10, 2018
Во развојот на овие летала, Боинг ќе ги искористи искуствата со експерименталните авиони X-43 и X-51 Waverider. Вториот модел го имаше својот прв успешен лет пред пет години, кога леташе со брзина од 5,1 маха (6.247 километри на час). Таа брзина ја задржа три и пол минути, пред да остане без гориво и да се урне во Пацификот.
Меѓутоа, разликата помеѓу Waverider и новото летало е тоа што хиперсоничниот наследник на SR-71 би можел да полета сам, да ја постигне посакуваната брзина и да самостојно да забави, додека Waverider беше испуштен од поголем авион.
Извор: Telegraf.rs